Новинарката Вики Клинчарова го објави својот став на фесјбук по повод обврската на граѓаните да ги променат личните домнети.
Вели „Непрофесионалност, аздисаност и полнење на државна каса, пак врз грбот на народот“.
Нејзината објава на социјалните мрежи во ја пренесуваме во целост:
- Државата не само што треба бесплатно да ни достави до домашна адреса нови лични документи, туку и да им плати за два изгубени работни денови на оние кои еден ден чекаа во редица да се сликаат, а друг ден чекаа да подигнат документи.
Направена им е страшна профитерска манипулација и на сите кои пред неколку години сменија лични документи, откако и официјално станавме Северна, а добија од оние пасоши кои останале на лагер, со Република Македонија, колку да не одат зијан набавените стари пасоши.
Непрофесионалност, аздисаност и полнење на државна каса, пак врз грбот на народот.
ПС Тие кои не си го искористивте уставното право и го бојкотиравте Референдумот за промена на името, нема поента сега да мрчите