На сите им се смачи од дождот - „Надвор, документарен филм - Зима во Чехословачка“

По неколку дена влажен бран, утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура, а од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, соопшти УХМР.

Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела. 

На социјалните мрежи граѓаните со досетливи коментари на тема „есенско време“ среде пролет!