Новинарката Вики Клинчарова, на својот фејсбук профил, го сподели својот став за оставката на премиероти лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој во меѓувреме, ја одложи истата.
-Премиерот, носител на јавна функција, човек во зрели години, своеволно дава оставка, свесно го повторува својот став неколку пати, а негови сопартијци, држ-не дај, го наведуваат да си го погази зборот. А баш многу од тие, убедувачите, во добар дел кумуваа на изборните резултати, поради своето неработење, водени од лични интереси (оние вредните, помалобројните, народот ги препозна и им даде заслужен втор мандат), пишува Клинчарова.
-И замислете сега како звучи веста за пишманетата оставка во другите, нормални земји, каде бомбастично одекна цврстиот став на премиерот пред десет дена, дека решил и си дава оставка? Имало ли ваков случај со друг политичар, во друга земја? Ај ние, веќе на се навикнавме и ништо не држиме здраво за готово, ама од страна како изгледаат сите овие оставки – неоставки?, прашува Клинчарова.