Вирална објава на Фејсбук: Денес за погреб преку „месенџер“, спуштаме роленти и се правиме штракнати!

Фејсбук објава стана вирален хит на социјалните мрежи! Ја споделуваат сите затоа што има голема вистина во неа! 

Како беше некогаш, а како сега во однос на живеењето, комуникацијата, емпатијата, другарството, соседството...

Објавата ви ја пренесуваме во целост: 

- Пред 20 години со сите комшии, роднини и пријатели - си одевме на гости, дури и ненајавени.

Имендени, родендени, слави, велигдени и бајрами.

Си ги остававме дури и клучевите од дома, на доверба.

Пред 15 години, откако пораснаа пилци, почнавме да се делиме според социјален статус/имот/вработување/функција/пари/непари/коли/неколи/кариери и ку*** палци/партија/ѓавол и бес.

Пред 10 години, преминавме сите на „службен однос“. Честитки на месинџер/погреб на месинџер/евентуално - пожар - по смс.

Пред 5 години, се сведовме на случајно добро утро, според расположение, еднаш у 6 месеци, или - ептен ако е итно, по протокол. Да се добие некоја услуга, некој да се погребе или да се изигра некое оро, ако се погодиш заедно на свадба.

Денес, откако „еволуиравме“ во целосни европјани - си ги спуштаме ролетните, ги ставаме телефоните на сајлнт, се правиме сите штракнати и самодоволни од своето постоење, и не е**ме жива сила.

Ни на празник, ни на делник.

Фалат уште роботите со АИ да ги расшетаме по дома.

Да ја навадат бавчата, да ни зготват, да нè покријат, и да си легнат до нас.

Супер сме. Само напред!