Се чистат сливниците и шахтите по најавите за невреме во сабота

Екипите на сектор Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје има вонредна акција пред најавеното невреме во сабота.

- Покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа, во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме во текот на утрешниот ден, спроведуваме и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациона мрежа, велат од претпријатието.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информираат дека се подготвени за интервенции и навремени реакции и во текот на утрешниот ден, во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог.