Кривична пријава против овчар, му дале да чува овци тој ги продал за 1 милион денари

Неверојатно но вистинито. Овчар од Куманово си заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, извесуваат МВР. Имено Д.Ј.(62) кој бил ангажиран како овчар наместо да ги чува овците кои според договорот му биле дадени на чување тој ги натоварил во камион и ги продал.

„Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари“, соопшти МВР.