Министерот Муртезани си направи шега на своја сметка: Тоа се случува кога сте фан на Ричард Гир

Министерот Орхан Муртезани си направи шега на своја сметка откако вчера направи гаф и го помеша евроамбасадорот Дејвид Гир со познатиот актер Ричард Гир.

„Ова се случува кога со амбасадорот сте фанови на познатиот актер Ричард Гир“, напиша Орхан Муртезани на Фејсбук

Инаку вчера Министерот за европски прашања Муртезани имаше средба со евроамбасадорот Дејвид Гир каде истата беше оцената какодобар старт“, посочувајќи дека имал детален разговор за реформската агенда која е дел од планот на ЕУ за раст на Западен Балкан, за досегашната работа на скининг процесот и како да се продолжи врз тоа што е постигнато.