Математички гениј од Охрид: Леонид Тодороски ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада во Англија!

Охриѓанецот Леонид Тодороски е меѓу 11-те талентирани средношколци кои ќе ја претстават Република Македонија на Меѓународната олимпијада по математика што ќе се одржи во јули во Англија.

Покрај Леонид Тодороски, во тимот на младите математичари се и Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и најмладиот меѓу нив, Ивано Божиновски. Тие ја претставуваат Македонија на Меѓународната олимпијада по математика (ИМО2024) која ќе се одржи од 11 до 22 јули на Универзитетот во Бат, Англија.

Во тимот беше и матурантот Јан Стојановски, кој одлучи да се откаже од учеството на ИМО за да се фокусира на Меѓународната олимпијада по физика која се поклопува со ИМО. Во 2023 година Стојановски направи подвиг претставувајќи ја Македонија на двете олимпијади во Јапонија. Македонскиот тим на 54. Меѓународна олимпијада по физика што ќе се одржи од 21 до 29 јули во Исфахан, Иран, го сочинуваат: Јан Стојановски, Андреј Стојанов, Емилија Николовска, Матеа Митревска и Дамјан Стојанов.

И двата тима се формирани преку натпреварите кои се организирани од Сојузот на математичарите на Македонија и Друштвото на физичарите на Македонија. 

Македонските тимови веќе неколку години по ред постигнуваат огромни успеси на светските натпревари и редовно се враќаат со медали.