Малолетник со остар предмет се шетал низ трговски во Карпош

Малолетник низ трговски центар во Скопје се шетал со остар предмет. Полицијата го приведе, а ќе следи и соодветна пријава. 

- На 27.05.2024 во 20.50 часот во трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од село Сарај, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје, соопштија од полицијата.