Скопје: Уапсена жена од Бугарија за фалсификување документи

На 27.06.2024 во 13.05 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир ја лишиле од слобода З.А.И.(52) од Р.Бугарија.

Постоело основа на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ по чл.380 од КЗ.

Таа во банка во Скопје приложила фалсификувана лична карта.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.