Малолетник настрада од улично куче во Кисела Вода

Малолетник од Скопје вчеравечер бил каснат од улично куче. Случајот во полицијата го пријавила мајката. 

- На 31.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода П.Р.(48) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопштија од полицијата.