Малолетник нападнат во Гази Баба, напаѓачите му барале пари

Малолетник бил физички нападнат од три лица на подрачјето на Гази Баба. 

- На 15.05.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје, С.Ј. од Скопје пријавила дека околу 21.15 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.