Малолетник се обидел да силува малолетничка во Скопје

Малолетник од скопска Шутка се обидел да силува малолетно девојче. 

Случајот во полиција го пријавил таткото на девојчето. 

- На 21.05.2024 во 20.31 часот во СВР Скопје, 30-годишен жител на населбата Шуто Оризари - Скопје пријавил дека малолетник од истата населба се обидел да изврши обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.