Три пријави стигнале до полицијата - Во Скопје и натаму напади од бездомни кучиња

Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биде каснати од кучиња скитници во главниот град.

На 20.06.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Центар, Е.А.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20..06.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, В.Г.(48) од с.Волково, скопско, пријавила дека на бул.„Партизански одреди “ во Скопје била касната од куче скитник.

На 20.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Центар, Н.Н.(20) од Скопје пријавил дека ул.„Михаил Цоков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.