Се запали „ауди“ на Бит Пазар

Завчера се запалил автомобил на Бит Базар. 

Завчера претпладне, поточно во 10.05 часот во СВР Скопје, Ш.А.(53) од село Патишка река, скопско пријавил дека на паркинг на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во неговото патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, информираа од полицијата. 

Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.