Малолетник и 18-годишен скопјанец уапсени во Градски парк среде ноќ

Млад скопјанец и малолетник уапсени во Градски парк за поседување дрога. 

- Денеска (23.05.2024) во 03.25 часот во угостителски објект во Градски парк Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(18) од Скопје и еден малолетник од село Петровец, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.