Велосипедист настрада во сообраќајка кај скопско Марино

66-годишен велосипедист е повреден во сообраќајка кај селото Марино.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител, информираат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.