Мали промени кои можат да ви помогнат да живеете (по)долго

Да се живее до 100 не е воопшто лесно. Но, не е и невозможно.

Photo by CA Creative on Unsplash

Она што е заедничко за сите луѓе кои живеат долговечен живот се здравите навики. 

Откажете ги цигарите

Ако сте пушачи, веројатно веќе знаете дека пушењето го скратува животот. Но, ако сакате да живеете подолго, тогаш оваа лоша навика не би требала да биде дел од вашиот живот. Цигарите се поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, како и рак. Според многу доктори, откажувањето од оваа навика може да ви донесе намалување на ризикот од овие заболувања, но и можност да заштедите.

Намалете го црвеното место

Голем дел од луѓето го обожаваат вкусот на месото, но тоа е штетно за нашето здравје. Докторите и нутриционистите препорачуваат лимитирање на дневниот внес на месо во текот на неделата. Причините за тоа се поврзани со лошите масти кои предизвикуваат воспалителни процеси во нашето тело и така го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и невродегенеративни болести. Наместо црвеното месо, тие препорачуваат пилешко, мисиркино, како и протеини кои се наоѓаат во јогуртот, јаткастите плодови, леќата и гравот.

Медитерански начин на исхрана

Веројатно веќе сте слушнале колку се здрави и долговечни луѓето кои живеат на Медитеранот. Нивната исхрана вклучува многу овошје и зеленчук, јаткасти плодови, маслинки и маслиново масло. Внесувањето на месо и млечни производи е сведено на минимум, освен грчката павлака која е вкусна, но и здрава. 

Внимавајте како и колку спиете

Добриот сон е основа за нашето расположение во текот на денот. Секој од нас има различни потреби во однос на должината на спиењето, но она што е важно е да се потрудиме добро да се наспиеме во текот на ноќта. Експертите вообичаено препорачуват  6-8 часа во текот на ноќта. 

Внесете го зелениот зеленчук во вашата редовна исхрана

Салатите се најдобра избор да консумирате зелен зеленчук, кој е богат со многу хранливи состојки. Тој содржи витамини К, А и Ц, а освен тоа е богат и со фолна киселина, железо и протеини. Истражувањата покажуваат дека оние кои редовно го вклучуваат ваквиот зеленчук во исхраната се соочуваат со помал ризик од когнитивни проблеми и заболувања. 

Photo by Jan Sedivy on Unsplash

Јадете риба

Речиси 90 % од луѓето во светот не ги исполнуваат неделните препорачани дози за исхрана богата со риба. Рибата е особено важна бидејќи е богата со омега 3 масните киселини кои докажано придонесуваат за намален ризик од депресија, но и значително придонесуваат за подобрување на помнењето и когнитивните процеси. 

Останете активни

Не е важно каква ќе биде вашата физичка активност, правете го она што ве прави среќни. Внесете редовни навики во вашето секојдневие кои ќе вклучуваат физичка активност, но и време поминато во природа. Потребни се само 30 минути во текот на денот за да забележите промени. 

Намалете го алкохолот

Не велиме воопшто да не пиете алкохол, но добро е да се следат препораките кои велат две чаши алкохол дневно за мажите, а една за жените. Веќе знаеме дека алкохолот негативно влијае на црниот дроб, а претставува и ризик фактор за одредени кардиоваскуларни заболувања, па и рак. Затоа, држете се до препораките од докторите и нутриционистите.