Ќе се врши обдукција на телото пронајдено во Вардар, известија од МВР

Од полицијата известија за случајот со пронајдено машко тело во реката Вардар во центарот на Скопје. 

- На 20.05.2024 околу 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во реката Вардар, на подрачјето на Центар, било забележано тело на машко лице. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираа од полицијата.