Трагедија во Вардар: Извлечено тело од надојдената река Тополка!

 

Вчера вечер, во 21:30 часот, на бројот за итни повици 112 во ЦУК,  риболовец пријавил дека забележал безживотно човечко тело на реката Тополка во Вардар, близу мостот, на околу 15 метри од брегот.

Од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи веднаш ги известиле сите надлежни служби (МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес и тимот спасители на вода од „Македонски спасител“), но поради опасноста од надојдената вода и брзото речно корито не интервенирале вечерта. Акцијата продолжила утрово, координирана од СВР Велес.

Безживотното тело е извлечено од реката денеска по 10:00 часот од Единицата за специјални задачи при МВР и е идентификувано од синот, кој вчера во 08:30 часот го пријавил за исчезнат неговиот татко во СВР Велес.