Ќе имаме сончево и топло време до почеток на новата 2024 година

Наместо снег и дожд кои се вообичаени за овој период од годината ние ќе бидеме сведоци на речиси пролетно време со температури до 18 степени.

За тоа какво ќе биде времето до крајот на годината можете да видите и од светски познатиот сајт за време Аccuweather.com каде прогнозираат дека до 31.12.2023. времето ќе биде сончево, стабилно и топло.

А според нашиот УХМР ќе имаме претежно тивко време, со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4 додека максималната ќе достигне 18 степени.