ЈП Водовод и канализација со демант: Директорот Митовски не лежел затвор

В.д. директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје  Митовски Марјанче демантира дека лежел затвор по обвинувањата од ССМ. 

-Жалиме што првиот синдикалец, како што сака да се нарече г-дин Дарко Димовски во обид да го покрие сопственото нетрпение кон директорот на ЈП Водовод и канализација Марјанчо Митовски, решил да безочно да лаже. Вистината е дека Митовски не лежел затвор и не постои таква пресуда. Она што навистина го фрустрира претседателот на ССМ е одземањето на привилегиите кои ги уживала неговата сопруга Лила Димовска која впрочем е вработена во ЈП Водовод и канализација - Скопје. Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии преку кои повеќе не може да ги користи ниту да се богати семејството Димовски, се вели во демантот од претпријатието. 

-Парите кои досега ги добивале како плата, отсега ќе мора навистина да ги заработат, а скопјани не се должни да ги плаќаат нивните хирови и незаслужени привилегии. Затоа, овој демант може да се смета и официјалнно барање за извинување и повлекување на лагата која ја лиферувал Дарко Димовски од ССМ во наредните 48 часа, во спротивно, вистината ќе ја докажуваме пред надлежниот суд, порачаа од ЈП Водовод и канализација-Скопје.