И утре ќе истура, стабилизација за време на викендот

Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник

Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме, а за утре од УХМР прогнозираат дека повторно не очекува променливо облачно време со пороен дожд и грмежи.

Од УХМР препорачуваат за поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.