Апсење на скопскиот Аеродром, приведени се две лица

Две лица од Турција вчера биле уапсени на скопскиот Аеродром. 

Вчера во 14.40 часот на Граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје,  полициски службеници ги привеле Т.А.Ј.(19) и Е.Д.(19), двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекориле дозволениот престој во државата. Тие биле предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка, соопштија од МВР.