Скопје: Три лица каснати од кучиња скитници во еден ден

На 25.06.2024 во 08.20 часот во Полициската станица Кисела Вода Е.Б.(53) од Скопје, пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На истиот ден, но во 13.30 часот во Полициската станица Аеродром Ж.Р.(40) од Скопје пријавил дека во с.Долно Лисиче,скопско неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. Подоцна во 15.40 часот во Полициската станица Аеродром В.Б.(39) од Прилеп, пријавил дека на кејот на реката Вардар, бил каснат од куче скитник.