300 евра за да не објави експлицитни фотки – уапсен скопјанец кој уценувал девојка

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 14.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје на територија на населба Ченто во Скопје го лишија од слобода А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

„Имено, на 25.06.2024, 20-годишна девојка во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода“, стои во соопштението од полицијата.

Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.