18-годишен возач прегази повозрасна жена во Охрид

18-годишен возач прегази повозрасна жена-пешак во Охрид. 

- На 11.06.2024 во 12.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„АСНОМ“, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Битола, удрило во пешак Р.Л.(82) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Специјаната болница „Св.Еразмо“ Охрид, соопштија од полицијата. 

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.