Млад возач прегазил повозрасен пешак па побегнал

21-годишно момче со својот опел удрил во 68-годишен пешак па избегал.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила во саботата во 09:40 часот на улицата Пабло Неруда.

Во ОВР Струга вчера во 9:40 часот било пријавено дека на улицата „Пабло Неруда“ во Струга патничко возило опел со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од село Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од село Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, велат од МВР.