Тешко повредена 75-годишна кумановка, била прегазена од „фолсфаген“

75-годишна кумановка е прегазена во Куманово. 

Како што информираа од полицијата, вчера во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Пелинска“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.В.(42) удрило во пешакот Р.М.(75), двајцата од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М. констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.