Сообраќајна несреќа во Струга: Тешко повреден возач

На 30.06.2024 во 08.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила помеѓу товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(55) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од с.Радолишта, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С.,

Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од ОВР Струга.