Малолетник со мотоцикл прегази 81-годишник

Малолетник со мотоцикл прегази 81-годишен битолчанец.

- На 10.06.2024 во 09.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова’’ во Битола, мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.Б.(81) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.