Зошто шансите за секс се поголеми во зима?

Ниските температури и тоа како влијаат на нашиот сексуален живот, но можеби ќе се изненадите од фактот дека ја зголемуваат желбата за секс.

Иако сите мислиме дека во лето авантурите се почести, истражувањата покажуваат дека дури и оние кои не се во стабилна врска, во зима имаат почесто секс.

Зошто?

Сите сакаме да бидеме на топло

Помалку сме социјално активни на собири, а изолацијата од друштвениот живот прави да се посветиме на поинтимни активности. Се потпираме на тоа дека ако останеме дома, со личноста која ни се допаѓа, ќе се стоплиме и психички и физички.

Жените им се попривлечни на мажите во зима

Контрадикторно, но колку помалку кожа гледаат мажите, колку облеката е подебела, толку поголема желба имаат да ја соблечат од вас.

Мажите се сексуално најактивирани во декември

Истражувањата покажуваат дека сонот и временските услови ги прават мажите сексуално поактивни во текот на декември, заради големата количина на тестостерон.

Сите сме депресивни

Телата ни се поретко изложени на сонце, па мора да бараме алтернатива за да го активираме хормонот на среќа. Така посегнуваме по топол секс.