Зошто се смета дека Драчево е најбезбедно место за живеење во Скопје?

Доколку планирате да смените место на живеење, каде што би се чувствувале сигурно во главниот град, Драчево е најбезбедната населба во Скопје.

Според статистиките на Министерството за внатрешни работи, во оваа скопска населба се случуваат најмалку кражби годишно. 

Од скопските општини, најбезбедно односно најмалку тешки кражби имало во Драчево и во Кисела Вода, додека „најинтересни“ за крадците се Центар, Карпош, Гази Баба и Аеродром. 

Надлежните велат дека скопските крадци не располагаат со софистицирана опрема, како специјален алат за кражба на и во возила.

Крадците не го користат алатот што може легално да се нарача или купи за стотина евра, како што се декодери со чија помош може да провалат во возило за само неколку секунди, без оштетување на бравата. Тие ги кршат бравите или стаклата на возилата, а во постарите возила влегуваат полесно, без никакво оштетување поради застарената технологија за безбедност.