Нерасположението и заморот се често присутни за време на зимските месеци. Овие симптоми се јавуваат во текот на зимата, кога деновите се кратки.
Зимскиот замор е проследен со губиток на волја, анксиозност, почеста потреба за спиење и тешко будење. Тука се јавува и проблем со концентрација, како и намалена општа виталност.
Кога деновите се пократки и има помалку сонце, телото произведува повеќе мелатонин, хормон кој предизвикува поспаност. Ова е особено присутно кај постарите личности, како и кај оние кои работат во простории со малку дневна светлина.
Начините на коишто можете да си помогнете се следните:
Пуштете светлина во просторијата
Прошетајте се после ручекот
Наспијте се добро
Редовно вежбајте
Релаксирајте се
Хранете се поздраво