ИКИГАИ – Јапонски концепт за долг и среќен живот без стрес

Еден ден во мал јапонски град умирала жена. Во одреден момент почувствувала како душата ѝ го напушта телото, станала и се појавила пред духовите на нејзините предци.

Еден бурен глас ја прашал:

- Која си ти?

„Јас сум сопругата на градоначалникот“, одговорила таа.

- „Не прашувам кој е твојот сопруг. Кажи ми која си ти?“

- „Јас сум мајка на четири деца. Јас сум учителка во училиште.“

- „Дали прашав колку деца имаш или каде работиш?“

И така продолжил разговорот се’ додека таа не рекла:

- „Јас сум таа што се буди секој ден за да му помогнам на моето семејство и да ги подучувам децата на училиште.“

После тоа се вратила во своето тело и болеста поминала... Го нашла својот икигаи.

Јапонскиот концепт на „икигаи“ е прилично тешко недвосмислено да се преведе на друг јазик, но грубо може да се дефинира како „она што му дава смисла на животот, она што нè тера да се будиме секое утро со радост“. Со други зборови, икигаи е ориентално елегантна и компактна дефиниција за вашиот главен интерес или нешто што носи радост во вашиот живот...

Оваа јапонска филозофија подразбира дека треба да уживате да бидете зафатени со вашата цел и на тој начин да живеете долг и среќен живот. И, патем, ова не е само некоја филозофија по која живеат Јапонците.

Па, како да го пронајдете Икигаи?

Па, ќе треба време. Како и добар, искрен разговор со себе. Секако, тоа ќе ви помогне да си поставувате прашања како што е вашата страст, во што сте добри, што му треба на светот од вас?

Некои луѓе ги наоѓаат своите Икигаи во работата, некои во хоби, а некои во односите со други луѓе.

Икигаи е во центарот на четири работи:

работите што ги сакате - вашата страст

работи што му се потребни на светот - вашата мисија

работите во кои сте добри - вашиот повик

работи за кои можете да добиете плата - вашата професија

Важно е да го откриеме и препознаеме, бидејќи ако не се создаде синергија помеѓу горенаведените четири работи, никогаш нема да почувствуваме целосно задоволство.

На пример, ако правите нешто што го сакате, за кое сте добри и што му треба на светот, а не можете да добиете плата за тоа, ќе чувствувате задоволство и исполнетост, но нема да бидете богати во материјална смисла.

Од друга страна, ако правиш нешто за што си добар, за што добиваш плата и што му треба на светот, ќе живееш удобно, но ќе се чувствуваш празно затоа што не правиш нешто што го сакаш.

Секој од нас е фокусиран на нешто друго, некои на материјални добра и заработка, други на помагање на светот, но она што ни е заедничко е целта - водење значаен и исполнет живот.

Десет едноставни правила за да ја пронајдете вашата внатрешна страст - Икигаи:

Останете активни и не дозволувајте да се изморите

Оставете го бурниот начин на живот и прилагодете се на побавно темпо на живот

Јадете само додека не сте сити 80%.

Опкружете се со добри пријатели

Останете во форма секој ден, преку лесни вежби

Насмевнете им се на луѓето околу вас и ценете ги

Поврзете се со природата

Бидете благодарни за сè што ви го разубавува денот и прави да се чувствувате живи

Живејте во моментот

Следете го вашиот Икигаи