Зимски зачини кои треба да ги имаме во домот

Ова се три зачини кои треба да ги имаме дома во текот на зимските денови и празниците.

Photo by Tamanna Rumee on Unsplash

Каранфилче

Каранфилчето се користи згмечено или како сушено цветче. Тоа се додава во медените колачи, вареното вино, а оние кои го сакаат неговиот интензивен вкус го додаваат и во готвените јадења. Тоа е одлично за намалување на подуеноста, спречување на дијареата, а е корисно и за забоболките, благодарение на состојката еугенол. 

Ѓумбир

Ѓумбирот потекнува од Азија, а тој ни е познат по својот силен вкус. Често се вели дека овој зачин делува како аспирин. Колачињата од ѓумбир се нашиот омилен вкус за време на празничната сезона. Освен тоа, тој може да се додаде и во готвените јадења и чорби. Го подобрува варењето, ја намалува мачнината, ги спречува главоболките.

Цимет

Зимата и празниците не би биле ништо без циметот. Тој е одличен во секое слатко јадење, а особено корисен за борба против воспаленијата во нашето тело. Го спречува кашлањето, го подобрува имунитетот и придонесува за лачење серотонин.