Жичницата на Водно работи, известуваат од ЈСП

Од ЈСП Скопје известуваат дека Жичницата на Водно, вчера од 12 часот е во функција, откако претходно времено не превезуваше патници поради автоматска надградба и рестартирање на софтверскиот систем на објектот.

- Таа процедура вообичаено трае 15-30 мин, но денеска, поради непредвидена ситуација, малку се одолжи, појаснија од ЈСП. 

Вчера, со бурна реакција за неработењето на Жичницата, се јави познатата инфлуенсерка Ина Многуфина која ја прозва градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска