Заменети дел од реквизитите на игралиштето за миленици во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека во изминатиот период се работело на ревитализација и разубавување на заграденото игралиште за миленици кое што се наоѓа веднаш до стадинот.

Заменети беа дел од реквизитите, а се работеше и на оплеменување на постоечката урбана опрема којашто се користи од страна на граѓаните.

- Наш приоритет и понатаму останува одржување на постоечките игралишта за миленици, како и изградба на неколку нови вакви места, кои што ќе придонесат за подобар пристап за рекреација на домашните миленици, напиша градоначалникот на Ѓорче Петров.