Асфалтирана нова улица во Ченто

Продолжува големата градежна офанзива за асфалтирање на локални улици насекаде низ општина Гази Баба. Се реализираа активности за асфалтирање на нов крак од улица Палмиро Тољати во Ченто, соопшти градоначалникот на гази Баба Бобан Стефковски. 

- Изминатите две години од мојот мандат, асфалтиравме голем број на локални улици. Инвестициите во развојот на патната инфраструктура остануваат да бидат дел од приоритетите на мојот мандат, додава тој и вети дека во следните денови продолжуваат со градежни активности во други населени места.