Автомобили паркирани на тротоар, пешаци по улиците - ова е честа слика во Скопје.
„Најтазе“ пример за оваа сообраќајка некултура пристигна од Карпош.
Во фесбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ осамна фотографија на која повеќе од очигледно е дека децата наместо по тротоари се движат на улица, додека тротоарите се зафатени од паркирани возила.
Ова е просторот околу ОУ „Вера Циривири“ во Карпош.
- Па, кај да се паркираат луѓето кога нема паркинг места? - коментира еден скопјанец, на што следуваше директен одговор од друг скопјанец.
- Па што купуваш автомобил кога нема каде да го паркираш? Ако им се случи незгода на децата кој ќе е крив?Тие што оделе по улица заради некои глупаци кои го узурпирале тротоарот? Утре твоето дете присилено од таквите ќе оди по улица, како ќе ти е тебе ако му се случи несреќа, праша еден револтиран граѓанин.