Во која скопска општина најмногу се склучуваат бракови?

Во првиот квартал годинава живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти.

Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5.199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува 1.567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2.488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 проценти во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.

Најмногу склучени бракови има во Скопје, 617, од кои 123 се во Чаир, 85 во Сарај, 80 во Гази Баба, по 50-ина во Карпош, Кисела Вода и Бутел…

Во внатрешноста на државата, најмногу бракови се регистрирани во Липково, 123, по што следуваат Куманово, 92, Желино, 73, Кичево, 72, Битола и Врапчиште по 68, Велес, 66, Гостивар, 65, Боговиње, 60. Ниту еден брак не е склучен во Дебрца, Новаци и Вевчани.

Од регистрираните разводи, 87 се во Скопје, 44 во Велес, 37 во Куманово, 19 во Гевгелија, 18 во Битола..