Внимавајте на своите миленичиња: домашните растенија можат да бидат отровни за нив

Стотици луѓе годишно се жалат на тоа дека нивните миленичиња се отруле бидејќи случајно „грицнале“ некоја, на прв поглед, безопасна билка. За кучињата и мачките, меѓутоа, многу од домашните растенија се отровни.

Според некои податоци, дури четвртина од труењата на домашни миленичиња се предизвикани од домашно растени, во кое никогаш не би се посомневале. Симптомите се различни, од повраќање, до дијареја па дури и смрт. Стручњаците советуваат да обрнете внимание при изборот на растенија за вашиот дом и да се распрашате во врска со нивната токсичност. Познато е дека кучињата и мачките понекогаш сакаат да грицнат по некој лист, од чиста љубопитност или да ви напакостат доколку предолго сте ги оставиле без внимание. Најголемиот дел од труењата од ваков тип се случуваат токму кога миленичињата се оставени подолго време сами.

Ова се растенијата који би требале да ги одбегнувате доколку имате миленик:

Рицинус или црвена лепенка/трн:
Токсично е целото растение, листот, плодот па дури и семето. Иако маслото се користи во козметологијата и медицината, растението од кое се добива е особено токсично. По излгедот, е доста привлечна за чување во дворот, но таа дури се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди како најотровното растение на светот, па замислете како би делувало на вашето куче или маче.

Каладиум познат како Слоново уво:
Преубави шарени листови го направија едно од најпопуларните растенија за чување во домот, но всушност е многу токсичен за кучињата и мачките. Ова растение е второ на листата растенија кои предизвикуваат најголем број труења кај домашните миленици, а дури четврти причинител на труења кај луѓето. Токсични се сите делови од растението.

Лилјан:
Токсичен за мачки. Стапката на смртност е стопроцентна, доколку не се лечи во период од 18 часа по изложеноста на токсинот. За мачките, токсично е целото растение.

Есенски Шафран:
Иако се користи за правење на лек против гихт, кучињата и мачките не би преживеале доколку изедат и најмало ливче од ова растение.

Саго палма:
Популарно наречената кралса палма е причина за смртта на 50 до 75% од домашните миленици. Отровно е стеблото, плодот и листовите.

Багрем:
Често се случува кучињата да гризнат гранка од ова растение при игра, што може да резултира со труење.

Олеандар:
Ова растение, покрај тоа што е токсично за животните, отровно е и за луѓето. Особено токсични се листовите.

Дифенбахија:
Една од омилените собни билки, но сепак, отровна за домашните миленици. Иако отровот не едоволно силен за да убие, може да предизвика алергии и отоци на дишните патишта, што пак, може да предизвика гушење.