Шест работи кои не треба да ги правите за оној кој навистина ве сака

Иако секоја врска се разликува, има одредени работи кои никогаш не би требало да ги направите во врска, особено ако се работи за искрена врска. Ако правите некои од следните работи, вие едноставно не сте во врска со правата личност и тие сигурно не ве сакаат на искрен начин.

Никогаш не треба да го молите партнерот

Никогаш човек не треба да моли за љубов. Природната љубов тече природно и без напор. Можете да се оддалечите од неа, но таа и натаму ќе тече. Кога некого молите да ве сака, никогаш нема да добиете љубов каква што посакувате, а очигледно е дека од другата страна барате нешто што не може да ви биде дадено.

Никогаш не треба да се менувате за партнерот

Кога некој ве сака, тогаш сака сѐ во врска со вас. Можеби нема секогаш да се сложува со вас, но нема да го менува начинот на кој ве гледа. Кога луѓето кои ги сакате бараат да се промените, тоа е исто како да бараат да си одите.

Никогаш не треба да преговарате со партнерот

Врската не е утешна награда. Никогаш не треба да бидете со некој кој преговара за условите. Преговорите се за врски кои умираат. Преговорите се за парови кои попрво би биле во врска (макар и лош) отколку да бидат сами.

Никогаш не треба да се сомневате во партнерот

Никогаш не треба да бидете несигурни околу тоа што мисли другата страна за вас. Тие треба да бидат отворени кон вас во врска со работите кои ги сака во животот, а секако дека и вие треба да бидете вклучени во нив. Мистериозноста е интересна во процесот на запознавање, но тоа треба да трае многу кратко.

Никогаш не треба да плачете за партнерот

Солзите не се вода која ѝ помага на врската да расте. Плачењето не е знак дека треба да бидете со некого. Врските не се градат на основа на бессоните ноќи полни со солзи, туку на деновите кога сте посреќни отколку кога било во животот.

Никогаш не треба да лажете за партнерот

Ако криете работи за партнерот и тоа од луѓе кои ви се многу блиску, тогаш вие сте во погрешна врска. Ако се преправате дека тие се нешто што не се, вие сте во погрешна врска. Вистинската љубов е љубов која не можете да ја сокриете, дури и да сакате, бидејќи сте среќни и сакате на целиот свет да раскажете за тоа.

cheap nike free run 5.0