Зошто ни се спие кога врне дожд?

Има ли некоја потешка работа на светот од таа да го напуштите креветот наутро, ама кога врне дожд? Немааа...

Ако имате проблем со функционирањето кога ќе заврне дожд или ако дождливиот ден сакате да го поминете под ќебенце во сладок сон, не грижете се, не сте сами. Истражувањата потврдија дека поголем број од луѓето го имаат истиот проблем, а науката објаснува зошто е тоа така.

Нашето тело е во хармонија со природата. Циркадијален ритам е таканаречен природен часовник вграден во нашиот мозок. Тој управува со биолошките процеси како спиење и апетит, и со него тешко можеме да се бориме. Баш затоа често кажуваме дека уморот не совладал и ни се спие.

Луѓето генерално се лошо расположени кога врне

Биологијата е преполна со објаснувања зошто толку ни се спие кога врне. Во повеќе наврати се потврдува врската меѓу временските услови и нашата емоционална состојба. Една поодамнешна студија (2011 г.) потврдува дека девет проценти од луѓето полесно се лутат кога врне, а истите животни ситуации нема да ги вознемират до таа мера кога времето е сончево.

Ова има врска и со ултравиолетовата светлина, односно нејзиниот недостаток. Сончевата светлина го зголемува количеството на хормонот сератонин, хормон на среќата кој недостасува во дождливите денови.

Исто така, тмурното време ја стимулира епифизата да произведува мелатонин и да се осеќаме поспано. Кривец за поспаноста кога врне е и влагата која воздухот го прави тежок и леплив и организмот се исцрпува.

Како да ја победите мрзата на дождливиот ден?

Иако не звучи како избор број еден, посебно не на вакви тмурни денови, кратка вежба, како едноминутен планк, е најдобар начин за да ја победите поспаноста од дождот.

Ако вакво расположение ве фати на работа, станете од столот, прошетајте и поразговарајте со колегите. Испијте едно кафе од нога.

Поминете малку време надвор без разлика што е облачно и тмурно, светлината сепак позитивно ќе влијае на вас. Доколку не сте во можност за долга прошетка, поминете неколку минути на балкон и вдишете свеж воздух.