Пет знаци дека вашиот миленик е тажен

Тие не плачат, не се караат, не се затвораат во својата соба, но знаат да бидат тажни. Тие не знаат да се пожалат на тоа како се чувствуваат, но тоа не значи дека не чувствуваат тага.

Исто така, тоа не значи дека не можат да западнат во депресија. Кучињата го покажуваат тоа преку нивното однесување. Ова се некои од симптомите кои можат да укажуваат на тоа дека вашето куче е тажно.

Незаинтересираност
Доколку вашиот миленик западне во депресија ќе му недостасува интерес за работи кои до тогаш ги обожувал. Најчести знаци се летаргија, неактивност и потиштеност. Ќе можете да забележите дека нешто не е во ред и по неговиот поглед, држењето на главата кон подот, опашот го држи спуштен или помеѓу задните нозе или спуштени уши.

Исхрана
Депресивните кучиња обично јадат помалку и пијат помалку вода. Поретко, може да се случи кучето да биде агресивно додека јаде или да бара повеќе храна од обично. Но, и тоа е знак на депресија.

Спиење
Кучињата спијат во просек 14 часа дневно. Најчесто се работи за спиење во неколку серии, но доколку има проблем со станувањето или расонувањето тоа значи дека веројатно има проблем.

Агресивно и деструктивно однесување
Ова во главно ги зафаќа до тогаш мирните кучиња. Тоа би значело дека вашиот миленик нема доволно физичка активност и внимание.

Талкање и вознемиреност
Тука се мисли на талкање во домот, она кога мислите дека вашиот миленик изгледа како да бара некого или нешто. Таквото однесување често се врзува и со тешко дишење и општа вознемиреност.

Добрата вест од сево ова е што депресијата кај животните е минлива, исто како и кај луѓето. Доколку му посветите внимание би можел да се опорави веќе за неколку дена.