Скубе од Келн замина за Тајланд, ракометарот на одмор со семејството

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе, кој беше еден од најзначајните играчи на Вардар во сезоната што полека изминува, замина на заслужен одмор.

Со оглед на тоа што луцидниот среден бек не е дел од словенечката репрезентација и нема обврски со националниот тим, тој веќе го користи одморот и тоа на Тајланд. 

Според последните информации тој и следната сезона останува во РК Вардар, а дотогаш ужива во времето поминато со семејството.