Видео: Пожар во популарно летувалиште за Македонците во Грција

Под контрола е ставен пожарот на тревната површина што избувна на Ситонија, Халкидики, пренесува грчкиот портал „Прототема“.

На местото на настанот излегле 37 пожарникари со 12 возила од кои две противпожарни возила од Бугарија со 10 лица.

На ова подрачје бил испратен и хеликоптер. Во моментов не е загрозена ниту една станбена површина.