[ВИДЕО] Македонка загина во сообраќајка кај Солун, три девојки се повредени

Жена од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Грција која се случила во близина на градот Нисели на автопатот кој од Солун води кон Верија и Игуменица во западна Грција, три девојки се повреди. 

Фото: Вериотис.гр

Според грчките медиуми, загинатата е 30-годишна скопјанка, додека три жени кои биле со неа во автомобилот се повредени.

Медиумите пишуваат дека, сообраќајката се случила на пет километри по излезот Нисели во правец на Солун кога се судриле две возила. За извлекување на девојките од првото возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресекла вратите за да можат да ги извлечат.

Сообраќајот бил во прекин, додека повредените со возило на Брза помош биле пренесени во болница и возилата биле преместени покрај патот.