Семејна пресметка во Чаир: Три лица се уапсени


 

На 26.06.2024 во 20.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал–Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.О.(29), Џ.О.(58) и Ј.О.(27), сите од Скопје.

Добиена била претходна пријава дека околу 14.10 часот на подрачјето на Чаир, по претходни недоразбирања, физички го нападнале нивниот роднина М.К.(31) од Скопје, при што му го оштетиле возилото кое го управувал и му одзеле лични предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.