Апсење во Охрид: Уапсени двајца со марихуана на „Богомилска”

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид на 26 јуни 2024 година, на улицата „Богомилска“ во Охрид, во 21:50 часот ги лишија од слобода М.Л. (28) и Р.С. (36), двајцата жители на Охрид, за недозволена трговија со дрога.

При извршениот преглед, кај нив беше пронајдена марихуана.

По целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.